fitoneIshrana

Настани

1. FIT ONE - ЦЕНТАР! НОВО FIT ONE МЕСТО! ЕКСТРА УСЛОВИ! НОВИ ДИСЦИПЛИНИ!!

Fit One Центарот се наоѓа во комплексот на Paloma Blanca во строгиот центар на градот. Центарот е опремен со две сали за вежбање, кардио справи за вежбање, место за масажа, женска и машка соблекувална со туш кабини. Просторноста на Центарот обезбедува капацитет од 100 вежбачи во ист момент. На оваа локација клубот располага со степери, пилатес топки, простирки и тегови за вежбање, вклучувајќи и крпи за капење. Повелете и искусете го групниот фитнес со искусните инструктори од Fit One. Ве очекуваме :)

 

 

2. Zumba забава!

Сакате да ја почуствувате енергијата на Zumba Fitness, тогаш нема подобро место од Zumba Fitness забавите што ги организираат тимот на Fit One. Сите зборуваат дека Zumba Fitness-от е нешто фантастично каде што се шири позитивна енергија за време на часот. Замислете ја енергијата кога 7 Zumba Fitness часа ќе се спојат во еден, со вежбачи од 7 различни места во Скопје дополнето во новото Fit One место, Fit One - Центарот. Нешто ... што нема да сакате да го пропуштите!

Информации за следната забава ќе следуваат во наредниот период.

3. Работилница за Емоционално Чистење!

Направи се' што е во твоја моќ за да решиш некој проблем. За да се јави гласот од некоја „фиока“, приклучете се за да го слушнеме заедно: - преку читање од Морфичко Поле, - емоционално чистење и - Ошова медитација. На 15.09.2018 год. (сабота) и на 16.09.2018 год. (недела) ќе се одржи работилница за надминување на стравот преку интегративно дишење и Ошова медитација. Работилницата започнува од 12:30ч. и ќе трае до 17:30ч. во FIT ONE ЦЕНТАР. Водител на работилницата: Елка Даскалова, Holistic coach Информации за сите кои сакаат да присуствуваат на настанот: - Еднодневната работилница чини 1.500 денари. - Пријавување и потврдување на учество најдоцна до 14.09.2018, до 12 часот на: Тел. број - 078/418-982