fitonePrograma

Енергетска Јога

Енергетска Јога е интензивен Јога тренинг со енергетска и динамична комбинација на позиции (асани) за подобрување на целокупното здравје. Часот има свое течение, каде што во текот на целиот час редовно се менуваат позициите така што вежбачот постојано се соочува со ново искуство. Енергетската Јога е одличен начин да се комбинираат менталните, физичките и духовните придобивки од јогата со интензивни и динамични вежби.

Можеби кога ќе помислите на Јога се поврзувате со спори, смирени движења и релаксација. Но кога ќе посетите еден час по Енергетска Јога ќе имате сосема поинакво искуство. Оваа форма на јога овозможува интензивен тренинг за целото тело, со акцент на подобрување на силата и издржливоста, и не е идеален за почетници.

Во Енергетската Јога постојано ја кревате и држите тежината на сопственото тело. Тоа не само што ќе ви овозможи да изградите убава мускулатура, туку и ќе ви овозможи умерено согорување на калории. Се смета дека на еден час од 60 минути Енергетска Јога се согоруваат помеѓу 300-500 калории.

Кратка историја за Енергетската Јога

Енергетската Јога зема инспирација од Аshtanga Јогата. Инаку Енергетската Јога е креирана во 1990-тите години, како обид да се направи Аshtanga Јогата подостапна за западниот свет. Таа е нарекувана „Фитнес Јога“ бидејќи е дизајнирана да биде доволно интензивна за да биде атрактивна за западните вежбачи и спортисти.

Придобивки од практикување Енергетска Јога

Со редовно практикување на Енергетска Јога може да се забележат подобрувања во целокупното здравје. Дел од придобивките се:

- подобрување на флексибилноста

- зголемување на тонусот и јачината на мускулите

- согорување на 300-500 калории за еден час од 60 минути

- зајакнување на зглобовите

- подобрување на циркулацијата и работата на кардиоваскуларниот систем

- зголемување на нивото на енергијата

- детоксикација на целото тело и подобрување на имунитетот

- подобрување на рамнотежата и држењето на телото

- подобрување на фокусот и концетрацијата

- подобрување на спиењето

- намалување на стресот

- овозможува чувство на задоволство и среќа

Пред да започнете со практикување на Енергетска Јога

- Ако сте: бремени или имате сериозни здравствени проблеми, повреда на зглобовите, неодамнешна операција, епилепсија, дијабетес или било какви кардиоваскуларни заболувања (особено висок крвен притисок), не заборавајте да разговарате со вашиот лекар за намерата да практикувате јога.

- Немoјте да користите парфем или колонска вода кога вежбате. Длабоко дишење е дел од часот и не е препорачливо да се вдишуваат ваквите мириси.

- Не јадете ништо најмалку еден до два часа пред вежбање.

- Отстранете ги рачните часовници и се друго метално што прави комплетен круг околу телото. Доколку е практично, отстранете ги исто така и очилата.

- Носете лабава, удобна облека, така што телото нема да има ограничување во движењата. - Исклучете го мобилниот телефон

- Пристигнете барем 5-10 минути пред почетокот на часот за да имате доволно време да се подготвите и да ја смирите сопствената енергија.

Пред се вежбајте релаксирано. Не очекувајте да имате „феноменален час“ – таков вид на очекување може да биде контрапродуктивно. Очекувајте да вежбате најдобро што можете, и едноставно да бидете присутни и свесни за сегашниот момент. Како вежбате е многу поважно од тоа што вежбате. Многу често Јога вежбачите се форсираат себе си во изведување на позициите, без да размислуваат дали тоа им помага или им наштетува. Нивното Его ги контролира, а Егото секогаш сака да изгледа добро пред другите. Јогата никогаш не била натпреварувачки спорт, таа претставува внатрешна пракса (искуство) со цел да се изгради свесност, не-приврзаност, ментална смиреност и задоволство (исполнетост) со самите себе си.