fitonePrograma

Јин Јога

Јин Јога е бавен стил на јога со позиции или асани во кои се останува подолго време. За почетници времето може да варира од 1 до 3 минути, а понапредни вежбачи може да останат во една позиција и по 5 минути, па дури и подолго. Јин Јога позициите даваат умерен стрес (акцент) на сврзните ткива на телото (тетивите, фашата и лигаментите) со цел зголемување на циркулацијата во зглобовите и подобрување на флексибилноста (еластичноста) на телото. Јин има повеќе медитативен пристап кон јогата, кој е насочен кон поткревање на свесноста за внатрешниот мир и давање на акцент на универзалните и внатрешни позитивни квалитети на човечкото битие.

Кратка историја за Јин Јогата

Во западниот свет, Јин Јога учењето започнува во доцните 70ти од минатиот век од страна на експертот за боречки вештини и Таоистички јога учител PaulieZink. Денешниот стил на Јин Јога кој се предава низ цела Северна Америка и во Европа (па и во Македонија), во голема мера се должи на учењата и активностите на Јин Јога учителите PaulGrilley и SarahPowers. Јин јога како што е предавана од страна на PaulGrilley и SarahPowers не е наменет како комплетна пракса сама по себе, туку како дополнување на повеќе активни форми на јога и други видови на активно вежбање.Сепак, пристапот на PaulieZink го вклучува целиот спектар на таоистичката јога, и на јин и јанг, и е наменет да биде целосна пракса сама по себе.

 

Кога да се практикува Јин Јога?

Ова прашање нема еден единствен одговор. Постојат многу опции за тоа кога да се практикува Јин Јога, во зависност од тоа што би сакале да постигнете преку вашата пракса. Јин Јога може да се практикува:

- Рано наутро – кога мускулите се ладни

- Подоцна навечер – пред спиење (за да го смирите умот и мислите пред спиење)

- Пред активна Јанг пракса (повторно пред да се загреат мускулите)

- Во пролет или лето (за да се избалансира природното Јанг време од годината)

- Кога животот ќе ви стане многу бурен (за да се избалансира Јанг енергијата во вашиот живот)

- После долго патување (патувањето е многу Јанг, дури и ако седите во поголемиот дел од времето)

- За време на менструалниот циклус кај жените (за зачувување на енергијата).

 

Пред да започнете со практикување на Јин Јога

Иако Јин Јогата се смета за понежна пракса отколку Јанг праксата, сепак е важно да се превземат мерки на претпазливост.

- Ако сте: бремени или имате сериозни здравствени проблеми, повреда на зглобовите, неодамнешна операција, епилепсија, дијабетис или било какви кардиоваскуларни заболувања (особено висок крвен притисок), не заборавајте да разговарате со вашиот лекар за намерата да практикувате јога.

- Немојте да користите парфем или колонска вода кога вежбате. Длабоко дишење е дел од практиката и не е препорачливо да се вдишуваш ваквите мириси.

- Не јадете ништо најмалку еден до два часа пред вежбање.

- Отстранете ги рачните часовници и се друго метално што прави комплетен круг околу телото. Доколку е практично, отстранете ги исто така и очилата.

- Носете лабава, удобна облека, така што телото нема да има ограничување во движењата. При вежбањето нема да генерирате внатрешна топлина на телото, па затоа е препорачливо да носите дополнителни слоеви на облека и чорапи.

- Исклучете го мобилниот телефон

- Пристигнете барем 5-10 минути пред почетокот на часот за да имате доволно време да се подготвите и да ја смирите сопствената енергија.

Пред се вежбајте релаксирано. Не очекувајте да имате „феноменален час“ – таков вид на очекување може да биде контрапродуктивно. Очекувајте да вежбате најдобро што можете, и едноставно да бидете присутни и свесни за сегашниот момент. Како вежбате е многу поважно од тоа што вежбате.Многу често Јога вежбачите се форсираат себе си во изведување на позициите, без да размислуваат дали тоа им помага или им наштетува. Нивното Его ги контролира, а Егото секогаш сака да изгледа добро пред другите. Јогата никогаш не била натпреварувачки спорт, таа претставува внатрешна пракса (искуство) со цел да се изгради свесност, не-приврзаност, ментална смиреност и задоволство (исполнетост)со самите себе си.