ZumbaVertical

Zumba Fitness во Македонија

Zumba Fitness во Македонија постои од 2009 година, кога е одржан првиот Zumba-фест и веднаш потоа и лиценциран првиот Zumba инструктор во фитнес клубот Fit One, со кој што клубот отпочна со држење на Zumba часови.

Во 2009 година клубот Fit One воспостави контакт со лиценциран Zumba инструктор од Канада (инструкторот е канаѓанка со македонско потекло) со што беше договорен Zumba-Фест. На тој начин во организација на клубот Fit One пред скопјани за првпат беше презентиран Zumba Fitness во оригинална форма од лиценциран Zumba инструктор. Zumba-Фестот се одржа на 5 различни локации во Скопје, во времетраење од 11 дена, во периодот од 02 до 12 Ноември 2009 година. Девет дена подоцна клубот Fit One го имаше првиот Zumba инструктор, со добиен Zumba сертификат со посета на обука во Соединетите американски држави на 21 Ноември 2009 година. А на крај од месецот Ноември се отпочна и со држење на првите официјални Zumba часови. Во 2010 година следеа добивањето на сертификатите и на останатите Zumba инструктори во клубот, со земени обуки во Париз (Франција), Цирих (Швајцарија) и Белград (Србија), со што клубот Fit One во моментов брои 6 лиценцирани инструктори и држи Zumba часови на неколку локации во Скопје.

Одржувањето на квалитетните Zumba часови во клубот се изведува со континуирана обука на Zumba инструкторите од страна на "Zumba Fitness LLC" компанијата од САД и меѓусебното подобрување кое се одвива интерно во клубот. Обуката од страна на "Zumba Fitness LLC" компанијата од САД, се врши со испраќање на Zumba материјали (CD и DVD) кои доаѓаат кај инструкторите секој месец. Преку испратените Zumba материјалите (кои се добиваат ако сте претплатени во "Zumba Fitness LLC"), Zumba инструкторите ги добиваат најновите чекори од Zumba програмата кои се доставуваат до Zumba инструкторите од целиот свет, а со тоа се добива чуството дека Zumba инструкторите и Zumba вежбачите во клубот Fit One се дел од глобалното Zumba Fitness семејство во светот. Тоа се потврди десетици пати кога во клубот Fit One доаѓаат вежбачи од странство и ја препознаваат истата Zumba програма како и на часовите во нивната држава. Уште подобро е чуството кога се виде дека вежбачите во клубот без никакви проблеми пратат интернационален инструктор дојден како гостин на Fit One.

Сепак, иако Zumba Fitness претставува лиценциран светски бренд креиран во САД, за жал во Скопје има субјекти кои го злоупотребуваат Zumba името, и нудат сопствена креирана програма која нелегално е претставена како Zumba. Жално е тоа што вежбачите кои ги посетуваат овие часови добиваат погрешна слика на тоа што е Zumba. Баш поради тоа што Zumba Fitness претставува светски бренд, а легално заштитувајќи го својот бренд, "Zumba Fitness LLC" компанијата забранува користење на Zumba името во било која форма (рекламирање на TV, радио, флаери итн) доколку не сте Zumba инструктор кој е член на ZIN, забрането е производство на Zumba облека или било каква употреба на Zumba името. Доколку приметите легално прекршување спомнато погоре, пријавете на web страната на "Zumba Fitness LLC". За проверка на кој е валиден Zumba инструктор во Скопје, кликнете на линкот. Fit One ги охрабрува сите кои што сакаат да станат Zumba инструктори, да ја поминат основната обука од "Zumba Fitness LLC"! Информации каде се може да се посети обуката може да најдете на Zumba страната или исконтактирајте не и ќе ви помогнеме да станете легални Zumba инструктори. Нашиот став е, колку повеќе Zumba инструктори, толку повеќе ширење на Zumba енергијата.

ZumbaWear опрема

Како и на сите места во светот каде што се одржуваат Zumba часови, така и кај нас е присутна Zumba опремата во облик на облека, разни додатоци и реквизити. Повремено клубот Fit One врши нарачување на Zumba опрема од официјалната Zumba страна.

Доколку сакате да нарачате Zumba опрема, исконтактирајте не преку Facebook или на телефон. Во моментот кога ќе вршиме нарачка, ќе треба да ни дадете информација што сакате да нарачате, која боја, кој број и во која количина. За да видите што сакате да нарачате ќе треба да ја посетите Zumba страната за ZumbaWear. Деталите за како да се нарачува ќе се објавуваат на Facebook профилот "Zumba Macedonia" или ќе можете да ни се јавите на телефон.

Zumba Fitness на разни настани

Fit One клубот има организирано или учествувано на неколку настани во кој што инструкторите на клубот во вистинско светло ја презентирале програмата на Zumba Fitness. Некои од настаните се:

02-12 Ноември 2009Zumba Фест
Зумба пред Универзална Прво презентирање на Zumba Fitness во Македонија! Zumba часови беа одржани на сите тогашни локации на клубот. За на последниот ден да следи собир на сите вежбачи од сите локации на едно место, завршувајќи го настанот со 2-часовна Zumba забава. Рекцијата на вежбачите беше одлична, со што се појави потребата во Скопје да се одржуваат квалитетни Zumba часови.
08 Јуни 2010Хуманитарен концерт во општина Аеродром
Зумба пред Универзална По покана од организаторите во општина Аеродром, Zumba Fitness за првпат беше презентиран на отворена сцена. Особено задоволство беше на клубот Fit One да ја претстави Zumba-та на хуманитарен концерт за лицата со хендикеп и со интелектуална попреченост.
31 Јули 2010Zumba на плажа во Охрид
Зумба пред Универзална Лето 2010, за првпат беше презентирана Zumba-та на плажа. На капалиштето Парк, сите се забавуваа со Zumba инструкторите. Евидентно беше зголемувањето на расположението помеѓу луѓето што уживаа во амбиентот што го создаде Zumba Fitness.
2010 - 2011Zumba забави во Hard Rock
Зумба пред Универзална Fit One и Ацо Конга организираат Zumba забави 4-пати во годината. Така, во сезоната 2010/2011 се организираа во ноќниот клуб Hard Rock 4 Zumba забави, а во сезоната 2011/2012 веќе се почна со новата серија на Zumba забави, овој пат во ноќниот клуб "Be Two". Првата Zumba забава беше организирана на 26 Ноември 2010 година, и од тогаш редовно се организираат Zumba забави, каде што истите се се повеќе посетувани од Скопје и од другите градови во Македонија. Подетално за Zumba забавите кликни на линкот.
07 Мај 2011Презентација на Zumba во Vero Centar
Зумба пред Универзална Презентацијата на Zumba во Vero Centar-от натера многу случајни минувачи да одвојат време и да поуживаат во ритамот на Zumba песните. Секогаш претставува задоволство кога ќе се видат насмевките на минувачите, а евидентна е и желбата да се приклучат на забавата кои ја креираат Zumba инструкторите.
28 Мај 2011 Хуманитарна акција за борба против рак на дојката
Зумба пред Универзална Уште еден хуманитарен концерт, каде што Fit One со задоволство учествуваше ширејќи ја позитивната енергија на самиот настан. Хуманитарната акција за борба против рак на дојката во организација на здружението „Борка“, беше одлично организиран настан, каде што пред симболичната прошетка низ градот, Zumba инструкторите на Fit One ги загреаа присутните со Zumba песна која беше прифатена од расположената толпа за поддршка на борбата против ракот на дојката.
22 Јули 2011 Презентација на Zumba пред Универзална сала
Зумба пред Универзална Во жешките моменти на летото, Fit One повторно ги забавуваше присутните пред Универзална сала со неколку Zumba песни. Атмосферата се вжешти, но тоа не му пречеше на никој од присутните во веќе жешките вечери во Скопје.