ZumbaVertical

Zumba Fitness во Светот

Во моментов Зумбата претставува најголемиот и најуспешен светски денс-фитнес програм. На светско ниво 12 милиони луѓе од сите раси, големини и возрасти неделно посетуваат Зумба часови на повеќе од 110,000 локации низ повеќе од 125 земји во светот.

Во средината на 90-тите години никој неможеше да го предвиди успехот на Zumba програмата, дури ни Beto Perez, кој ја креирал истата. Во 2001 Beto својот нов стил на фитнес танцување го донел во Мајами, Флорида, а преку една негова вежбачка (мајката на Alberto Perlman), се сретнал со претприемачите Alberto Perlman и Alberto Aghion. Сите тројца по потекло од Колумбија ја имаа истата идеа, да го донесат овој динамичен денс-фитнес час до широките народни маси. Тројцата Албертовци формираа сојуз и создадоа бизнис, и го нарекоа Zumba Fitness, а компанијата "Zumba Fitness LLC". Зборот Zumba тие го заштитија како трговска марка и си поставија цел да го прошират брендот низ целиот свет. Најпрво дојде DVD-то, а потоа подолгата ТВ реклама (infomercial) која што ја претстави на светот Zumba Fitness – Party на голема сцена. Набргу се појави и потреба од Zumba часови и Zumba инструктори. Тогаш компанијата во елан ја претстави новата Zumba програма која многу лесно се прошири низ цел свет. Во 2005 Zumba Fitness креиеаше полноправна Zumba Академија за лиценцирање на Zumba инструктори за да одржуваат Zumba часови. Многу поголема експанзија се случи кога беше лансирана Zumbawear, облека и додатоци, музички ЦД-а, и во 2008-та се појави најпродаваното DVD за домашна употреба - The Zumba Fitness® Total Body Transformation System, каде што Zumba ѕвездата Бето и двете нови Zumba ѕвезди Tanya Beardsley и Gina Grant ги презентираат вежбите. Во 2010 Zumba Fitness уште еднаш го потресе светот со тоа што стана првата брендирана фитнес програма која лансираше видео игра на сите три големи платформи за игри: Wii, Xbox, и Play Station 3. Zumba програмата е признаена од светските водечки фитнес едукатори, како Aerobic Fitness Association of America, IDEA Health and Fitness Association, и American Council on Exercise.

Мотото и двигателната сила на првите луѓе во "Zumba Fitness LLC" компанијата е изразена со следната изјава, која е преведена во оригинал:

“Во Zumba Fitness LLC, нашата визија е да се наполнат празните простории насекаде низ светот со Зумба часови. Работејќи непосредно (очи во очи) со нашите најпосветени Зумба инструктори (кои се наречени ZIN членови), нашата зедничка цел е да се рашири филозофијата на здравје, среќа и љубов кон се она што го правите, а посебно вашиот фитнес тренинг.”

Историја

За време на деведесетите, Бето на еден од своите аеробик часови ја заборавил својата аеробик музика наменета за часот. За да не го одложи часот, ја земал постоечката латино музика во автомобилот и почнал да импровизира, правејќи многу интересен час каде вежбачите биле екстра задоволни. Од тоа искуство, дошла идеата за комбинирање на основните чекори на латино танците во аеробичните вежби. Презентирајќи ја идеата и новиот креиран час во Мајами, Флорида, се родила Zumba Fitness идеата, која се брендирала во 2001 година со помош на Alberto Perlman и Alberto Aghion.

Часови и Инструктори

Zumba часови постојат насекаде во светот, одржувани во здравствени клубови, спортски сали, општински клубови, фитнес центри, практично насекаде во светот, држени од обучени Zumba инструктори. Едукативниот дел на Zumba Fitness има лиценцирано илјадници Zumba Fitness инструктори кои држат часови насекаде во светот. За да се стане лиценциран инструктор, мора да се учествува во работилница за Zumba инструктори со основни вештини, а потоа следува опцијата да се стане обучен за специјалностите на Zumba. Ова се видовите на обука кои што Zumba ги нуди:

"Zumba Fitness LLC" компанијата е сериозна во поддржување на своите лиценцирани инструктори и правно спроведувајќи ги своите авторски права во користење на Zumba името. Поради тоа "Zumba Fitness LLC" дава можност за проверка на валидноста на Zumba инструкторот и пријавување на сите што нелегално го користат Zumba името, за кон истите да се спроведе постапка за нарушување на законот за заштита на авторското право. Fit One ги охрабрува и поддржува сите вежбачи кои ќе приметат самонаречени Zumba инструктори, да им ја проверат валидноста и да ги пријават на официјалната Zumba страна.

10 Годишнина на Zumba Fitness

Секаде во светот веќе 10 години се ужива и се забавува со Zumba Fitness-от. Во 2011 година целиот свет го прослави јубилејот на 10 години од постоењето на брендот Zumba Fitness. Главната прослава се одржа во Орландо, Флорида во период 7-10 Јули каде што присуствуваа Zumba фанатици од целиот свет и беше нешто што секој би сакал да го искуси. Во Скопје се прослави 10-годишнината на Zumba Fitness на 15-ти Април 2011 со голема Zumba забава во дискотеката Hard Rock, во организација на Fit One.