ZumbaVertical

Zumba Fitness Забави

Карактеристично за Zumba заедниците насекаде во светот е да организираат Zumba забави. Ниту во тој поглед не заостануваме. Во организација на Fit One и Ацо Конга во сезоната 2010-2011 се одржаа четири големи Zumba забави, каде што Zumba вежбачите од сите места каде што се држат Zumba часови, уживаа во прекрасниот амбиент што го обезбедуваше ноќниот клуб Hard Rock. Во план е, во секој сезона да се прават 3-4 големи Zumba забави.

Соработката помеѓу Fit One и Ацо Конга дојде сосема природно, и со оправдување продолжува, баш поради тоа што ритамот на конгите и другите ударни инструменти ги дополнуваат Zumba песните помагајќи атмосферата да стане уште пожешка.

Привлечноста кон Zumba забавите е поради енергијата што се генерира на самиот подиум. Секаде е позната Zumba енергијата ZumbaVertical како карактеристичен симбол на Zumba часовите. Земајќи го во предвид фактот што на едно место се собираат Zumba вежбачи од 7-8 места во Скопје, енергијата на Zumba забавата достигнува огромни размери. Повеќе од два часа интензивна забава со 6 Zumba инструктори, ритам на конгите, прекрасна дружина на Zumba вежбачи, дополнето со оригинална Zumba музика и Zumba облека се доживува комплетна Zumba атмосфера!

ZumbaVertical Присуството на Zumba забавите не е ограничено само на Zumba вежбачите. Напротив, се поттикнуваат сите кои што сакаат да ја почуствуваат позитивната енергија да присуствуваат на Zumba забавата, која е предвидена да трае во вечерните часови а не подоцна од полноќ. Со тоа се овозможува да бидат присутни и најмладите, а особено задоволство ни е што и постарата генерација е присутна, земајќи го фактот што две Zumba вежбачки со своите 63 година се редовни на Zumba забавите. Посетителите на Zumba забавата кои никогаш претходно не присуствувале на Zumba час, ќе имаат две можности, а тоа е да уживаат во атмосферата која дефинитвно нема да ги остави рамнодушни или да се покорат на заразниот ритам и да се приклучат на сите останати во Zumba-лудилото. Напоменуваме дека во светски рамки, машката популација значително учествува во сите сфери на Zumba програмата. Потпирајќи се на овој факт, продолжуваме да ги охрабруваме сите припадници од машкиот пол да ги посетат Zumba забавите доколку сакаат да се дружат, забавуваат и да бидат дел од одличниот амбиент на Zumba Fitness. Досегашното искуство покажува дека сите присутни на Zumba забавите, си заминувале со насмевка на своите лица и во исто време духовно исполнети со позитивна енергија. Веќе сите знаат дека неможе да се опише со зборови чуството кога си на Zumba забава, едноставно мора да си присутен за да дознаеш за Zumba енергијата. Отсекогаш сме потенцирале дека Zumba забавите се настани каде што немаат ограничувања во секаков поглед. Без разлика на пол и возраст, без разлика дали ќе уживате во глетката или активно ќе учествувате, најважно е да се ЗАБАВУВАМЕ!

Одржани Zumba Забави

26 Ноември 2010Прва Zumba Забава
Зумба пред Универзална Првата Zumba забава беше предизвик за организирање од страна на Fit One и Ацо Конга, но како што грмнаа звучниците со Zumba ритамот, се беше препуштено на забавата. Како и на секоја прва активност во животот и овде возбудата беше неопишливо фантастична, за на крајот сите да се прашуваме кога ќе биде следната Zumba забава.
Предновогодишна Zumba Забава 17 Декември 2010
Предновогодишната еуфорија се збогати со уште една Zumba забава. Атмосферата беше одлично дополнета со тематскиот момент сите присутни да носат црвен или бел детаљ. Безсомнено прекрасните моменти ги ловеше Владимир Георгиев со својот фотоапарат. Зумба пред Универзална
04 Март 2011 Мартовска Zumba Забава
Зумба пред Универзална Со нетрпение се дочека и третата Zumba забава, збогатена со новите Zumba кореографии, тазе пристигнати од USA. Освежување беше и присуството на гостите на Zumba забавата кои не освежуваа помеѓу Zumba песните. На забавата се претставија Tango Banda покажувајќи ја елеганцијата во Аргентинското Танго. А дефинитивно атракција беа Capoeira групата од Скопје, кои на оригинален начин ги презентираа своите вештини.
Zumba Забава по повод 10 години Zumba Fitness 15 Април 2011
Zumba Fitness го прослави своето 10 годишно постоење на светската сцена. Главната прослава се одржа во Орландо, Флорида во периодот 7-10 Јули каде што присуствуваа Zumba приврзаници од целиот свет. Овој јубилеј во Скопје го одбележавме со најголемата Zumba забава кај нас. За одбележување беше моментот кога Zumba-вежбачите организирани во групи ги презентираа своите претходно подготвени Zumba кореографии. Зумба пред Универзална
19 Ноември 2011 Петта Zumba Забава
Зумба пред Универзална Во новата 2011/2012 сезона за првпат се смени местото за одржување на Zumba забавата. Овој пат во ноќниот клуб „Be Two“! Новото место даде освежување на изгледот на Zumba забавата. Прекрасно поминатата вечер беше исполнета со број на нови кореографии, а впечаток оставија 5-те групи на вежбачи, кои се претставија со сопствена и уникатна кореографија! Карактеристичен беше и крајот каде што Zumba инструкторките на Fit One ја презентираа групната Zumba кореографија, која ја надополни фантастичната Zumba енергија на забавата.

 

Зумба пред Универзална Зумба пред Универзална
Зумба пред Универзална Зумба пред Универзална